Министерство за здравство: За трите модуларни амбуланти во Скопје, граѓаните ќе платат 200 илјади евра камата!
Министерството за здравство ѝ предложило на владата да се раскине договорот со „Брако“ за 7 од десетте предвидени модуларни амбуланти во Скопје. Седум од десетте амбуланти воопшто не почнаа да се градат. Но, за трите кои се изградија, а кои Министерството не ги платило, се таложи камата која досега е 200 илјади евра и ќе треба да ја платат граѓаните.
Во писмено соопштение, Министерството информира дека екс министерот Беким Сали одобрил прием на три од десетте предвидени модуларни амбуланти во Скопје и тоа во Лисиче, Бутел и во Ѓорче Петров, а сега изведувачот бара да му се платат. Не само што амбулантите треба да се исплатат, туку по основ на камати за доцнењето, акумулирани се 200 илјади евра кои ќе треба да ги платат граѓаните.
„Лично Беким Сали како министер ги одобрил и ги примил модуларните амбуланти, со што изведувачот правно требал да ги наплати. Во прилог на ова соопштение ги праќаме сите документи како и одобрението и извештајот од надзорот. Значи, не министерот Меџити, не Владата или кој било друг, туку Беким Сали одобрил дека амбулантите се примени и треба да се исплатат. Потоа решил спротивно на она што го потпишал, да не плаќа и да остави свесно државата да сноси правни и тешки финансиски последици. Како тоа Сали решил да не плаќа за нешто го одобрил и примил и веќе е во употреба? Дали свесно сакал да изнуди нешто за себе или што точно сакал да постигне должи како одговор. Долгот кој во меѓувреме е акумулиран по основ на камати за доцнење е повеќе од 200.000 евра кои ќе треба да ги платат граѓаните!“, пишува во соопштението на Министерството за здравство.
Министерот за здравство Фатмир Меџити прашал во државното правобранителство дали мора да се исплатат трите модуларни амбуланти, од каде што му кажале дека тие мора да се исплатат по приемот.
„По оваа информација, Министерството за здравство достави информација до Влада за наодите и одговорите од Правобранителство, како и предлог како да се надмине спорот, а притоа, да не се исплати побаруваната камата и да се раскине договорот за преостанатите 7 амбуланти за кои не беше започната градбата“, велат од Министерството.
Информацијата за раскинувањето на договорот за изградба на седум од десетте предвидени модуларни амбуланти во Скопје, доаѓа по денешната прес конференција на Сали.
Беким Сали е последен што смее да каже било што за мандатот и неговата работа како Министер за здравство, а уште помалку да манипулира за случајот со модулатните амбуланти. Во својот краток мандат, Сали не реши ниту едно од отврените прашања поврзани со амбулантите, не изврши ниту една набавка за лекови навремено заради што страдаат пациентите и не остави ниту едно дело зад себе со кое го унапреди здравството. Oсвен тоа со непреземање, се блокирале процеси. Беким Сали сега е должен да каже зошто направил прием на амбулантите? Зошто не плаќал цели осум месеци и буквално не контактирал со никој на оваа тема? Дали сакал да изнуди нешто за себе од целата зделка? Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за сите информации поврзани со овој случај, но манипулации и ситни политички поени нема да дозволиме некој да печали на оваа трагедија, велат од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…