Министерство за здравство: Медицински тимови успешно извршија две ортопедски трансплантации

t

Успешно се извршени две трансплантации – реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент и реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент, соопшти Министерството за здравство.

Првата интервенција е спроведена под водство на проф. д-р Зоран Божиновски, со поддршка на медицински тим во кој учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.

Во втората интервенција, реконструкција на предниот вкрстен лигамент, учествуваше медицински тим предводен од доц. д-р Алан Андоновски, заедно со д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева. Поддршка во оперативниот процес дадоа медицински техничар Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска.

„Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија. Со секоја успешно изведена трансплантација, не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите. Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки,“ изјави проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Според Министерството за здравство, во последните шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни, со што значително се унапредува квалитетот на живот на пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за здравство: Медицински тимови успешно извршија…

Успешно се извршени две трансплантации – реконструкција…

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Потребни се средства за…

Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад…

Потребни се 35.000 евра за Елизабета да…

Потребна е финансиска помош за Елизабета која…

Ангела ја направи потребната операција – Благодарност…

Ангела ја поминала успешно операцијата, информира таа…

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Ангела ги собра потребните пари…

Ангела Нацева објави прекрасна вест, средствата кои…