Министерство за здравство: Медицински тимови успешно извршија две ортопедски трансплантации
Успешно се извршени две трансплантации – реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент и реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент, соопшти Министерството за здравство.
Првата интервенција е спроведена под водство на проф. д-р Зоран Божиновски, со поддршка на медицински тим во кој учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.
Во втората интервенција, реконструкција на предниот вкрстен лигамент, учествуваше медицински тим предводен од доц. д-р Алан Андоновски, заедно со д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева. Поддршка во оперативниот процес дадоа медицински техничар Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска.
„Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија. Со секоја успешно изведена трансплантација, не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите. Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки,“ изјави проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Според Министерството за здравство, во последните шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни, со што значително се унапредува квалитетот на живот на пациентите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Успешна револуционерна операција на бебе во…
Лекари извршиле револуционерна операција на неродено бебе…
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…