Мистериозна смрт: Пронајдени мртви директорката на руска државна телевизија и нејзиниот поранешен сопруг
Главниот уредник на руската државна телевизија Кубан, Зоја Коновалова (48) е пронајдена мртва во нејзината спална соба, додека телото на нејзиниот поранешен сопруг Андреј Губатика (52) е пронајдено во близина. Телата на Коновалова и нејзиниот поранешен сопруг беа пронајдени во семејната куќа во Краснодар во саботата.
-При прегледот на телото не се констатирани видливи повреди, изјави портпаролот на Рускиот истражен комитет.
Двојката имала малолетна ќерка и возрасен син.
-Прелиминарната причина за смртта е труење од непозната супстанца, јавува ТВ Кубан.
Медиумите јавуваат дека во куќата во Краснодар била пронајдена полимерна кеса со „прашкаста материја“, додека колегите и пријателите на Коновалова инсистираат новинарката никогаш да не се дрогира.
Се верува дека мажот и жената биле мртви најмалку 24 часа пред да бидат откриени нивните тела.
ТВ-компанијата Кубан е дел од државниот гигант Серуската државна телевизија и радио радиодифузна компанија VGTRĘ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…