Михајловски за битката на неговата сопруга со ракот: Тоа беше рушење на целиот свет преку ноќ, плачев додека ја оперираа

t

Во подкастот на Стефан Лазаров вчера гостуваше познатиот актер Тони Михајловски, каде отворено зборуваше за целата своја кариера, за приватниот живот, за периодот кога беше на браникот на татковината во 2001 година, за учеството во политиката, а најемотивно беше кога тој зборуваше за неговата сопруга Александра.

Имено, на прашањето да се присети на периодот кога тој, а најмногу Александра се бореа со непријателот наречен – рак, тој искрено и емотивно зборуваше за тоа.

Тоа беше рушење на светот преку ноќ, во една секунда. За мене беше многу емотивно тоа, за неа…меѓутоа таа е страшен борец.Таа е жената која ме извади од едно мучуриште во кое бев западнат и којзнае каде ќе завршев ако не ја сретнев неа. Таа се грижеше буквално за мене и е заслужна за тоа што стигнав до тука. Додека траеше операцијата седнав порај Вардар и дваштри саати плачев и се молев. И морам да се заблагодарам на многу добри луѓе коишто помогнаа за тоа. После таа операција, мораше да направи уште еедна превентивна операција и тие луѓе многу помогнаа – зборува Михајловски за еден од најтешките периоди за него и неговото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…

Лазаров објави крај на кариерата

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…