Михајло Маневски го наречеч Маричиќ cлeпец: Треба да одговapa за оддaвaње тajна и незakонито влиjaние на cyдот
Денови подоцна се уште не стивнуваат реакциите во јавноста по укинувањето на притворот за Сашо Мијалков, но и несолената изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ по што беше донесена нова мерка притвор за екс директорот на УБК.
Имено екс министерот за правда Михајло Маневски отворено запраша на Фејсбук дали Маричиќ ќе одговара за оддавање на тајна со оглед на фактот што јавно ги прозва судиите кои го укинаа притворот за Мијалков, но и за незаконито влијание врз судот од позиција на извршна власт.
-ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ ЗА ОДДАВАЊЕ НА ТАЈНА И ЗА НЕЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ НА СУДОТ?Министерот Бојан Маричиќ јавно и грубо се меша во работата на судот. Спротивно на Законот за кривичната постапка ги објави имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелациониот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор. Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни. Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и глсањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд.
Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана? Oдлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува, напиша Маневски.
Тој жестоко критикувајќи го Маричиќ го нарече слепец од кого страда државата и владеењето на правото во Македонија.
-Министерот Маричиќ треба да биде земен на кривична одговорност за незаконито влијание во работата на судот и за оддавање на тајноста на гласањето на Советот што одлучувал по предметното барање? И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции? Жалосно.Овој ли ќе се бори за владеење на правото? Од вакви слепци страда Македонија, истакна Маневски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…
Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…
Жена осомничена за обид за убиство на…