Мицевски: Толку ли е тешко власта да побара Бугарија да ги усвои одлуките на Cудот во Стразбур за македонското малцинство во Бугарија
Не слушнавме досега дека Бугарија прави отстапки, секогаш се зборува Македонија да ги прави. Толку ли е тешко власта да побара Бугарија да ги усвои одлуките на Судот во Стразбур за македонското малцинство во Бугарија, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ, потенцирајќи дека власта упорно крие што се преговара со Бугарија.
– Зошто власта не не информира што прават во преговорите , првиот момент кога бараме заштита за Гоце Делчев тие се појавуваат со флоскули, па се појавува Артан Груби со отворање на уставот и дефокус. Ние и граѓаните немаме верба во власта. Претходно не убедуваа дека ги заштитуваат националните прашања па видовме други работи, рече Мицески.
Мицевски вели дека во ред е да се работи во духот на европските вредности, но мешовитите комисии со Бугарија би ги немале доколку би го немале главниот проблем односно ветото, а за да се одблокира клучна е историската комисија.
– Добро е да ги решаваме сите проблеми и во економија, здравство, култура, затоа што ЕУ е патот по кој треба да се движиме, заедно со ВМРО-ДПМНЕ се донесоа закони важни закони за ЕУ. Но клучното прашање е историската комисија, каде што се крие што се преговара.
Тој вели дека добро е да се отвори граничниот премин Клепало, да има железница, авионска линија, но тоа се тековни работи и заради тоа немаме блокада.
-Проблемите сепак знаеме каде се, власта користи флоскули историчарите да си ја гледале историската работа, политичарите политичката работа. Проблемот е прашањето кое власта го затскрива, нагласи Мицевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…