Мицкоски: Ванхауте нека си збори за таму од кајшто доаѓа – Никогаш немаше да ги предадам идеалите на Илинденците
На новинарско прашање поставено од страна на Саше Политико, дали Мицкоски чувстсвува одговорност заради износот на платите во Македонија, Мицкоски рече:
“Ако ме прашувате дали да бев премиер ќе го сменев Уставот и името за да бдиеме таму каде што велите, во ЕУ и НАТО, не немаше тоа да го направам. Јас сум добровлец во Армијата, јас сум човек којшто образува луѓе и којшто си ја сака сопствената држава, сопствениот народ и граѓаните. Не сум трговец и не го работам ова за пари, работам затоа што си ја сакам сопствената држава. Немаше да направам предавство, немаше да го предадам Гоце Делчев, немаше да ги предадам идеалите на Илинденците за пуста слава, фотелја и пусти пари. Подготвен сум да разговарам за иднината, за вештачка интелигенција, за здрава економија, за здрава животна средина… ” – вели Мицкоски.
На прашање од истиот новинар, поврзано со пратениците и министерските места кои вели ќе бидат повеќе од половина од Скопје, а тоа го дознал од странски експерти, поточно од Ванхауте, Мицкоски вели:
“Ванхауте може да зборува за државата од којашто доаѓа, нашите македонски експерти, тие не велат така, а ги има многу.
Ванхауте нека си збори за таму од кај што доаѓа”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…