МИЦКОСКИ ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНА СО ГРУЕВСКИ: “Панорама 2” се води на социјалните мрежи!
Ботовите на “дувлото” денеска “кавилтетно” ја заработуваат платата која ја земаат. Првиот одговор на Мицкоски до Груевски стигна од кој, ако не од Марга, еден од неговите поактивни ботови.
Денес Мицкоски го почна најголемиот негов фронтален напад кон Груевски и отвори нов конфликт во партијата, чие членство го почитува поранешниот лидер, за разлика од неколкумината во раководството кои очигледно се фрустрирани од сопствениот неуспех.
Инаку позади профилот “Марга” стои Билјана, во моментов вработена во германската амбасада откако беше избркана од Министерството за внатрешни работи.
Претходно, Марга беше активен член на Шарената Револуција и „десна рака“ на Оливер Спасовски.
Соработката помеѓу Билјана „Марга“ и Оливер Спасовски завршува тогаш кога министерот за внатрешни работи одбил да ѝ помогне во нејзиниот случај против нејзиниот бивш сопруг Фатмир Етеми.
“Кружат муабети” дека Мицкоски во последните 3 часа “врти телефони” и бара видните луѓе во партијата да го поддржат јавно во неговата лична војна со Груевски, нормално, без аргументи и без храброст лично да влезе во битката.
Независно дали бил во алкохолизирана состојба или не, дали бил под притисок на Заев од кого се говори дека е уценет со инкриминирачка видео снимка, или комплексот од Груевски е пресилен за неговото големо его, Мицкоски, сепак “неочекувано” отвори нов фронт.
Вистинските лидери промовираат и работат на сплотување на народот, на членството, на општеството, но Мицкоски нападна и елиминира плејада видни членови на партијата без некоја особена причина освен дека интелектуално се чувствува инфериорен кон нив. Жртва на оваа пресметка ќе биде секако самата партија, која со ваква (не)активност е далеку од рушење на власта.
Поранешниот премиер Груевски засега делува смирено и умерено, во објава на Фејсбук му постави две прашања на Мицкоски на кои се уште не доби одговор, барем не лично од “лидерот”.
Груевски очигледно не сака да создаде раздор во партијата, но никој не знае колку долго ќе биде трпението на поранешниот премиер и дали ова е почеток на една нова “војна”.
Во меѓувреме Груевски објави уште еден од серијата статуси на Фејсбук, кои одат во прилог на докажување дека македонската посебност, факти и цитати од историски личности кои покажуваат дека Македонци постоеле далеку пред “Тито да не измисли”.
Конкретно, последната објава е стенограм од испрашувањето на Дамјан Груев кој бил уапсен од бугарската полиција во 1891 година.
Се чини дека Груевски на овој начин ја продолжува неговата агенда поврзана со одбрана на македонската кауза, за разлика од Мицкоски, кој почнува нови и непотребни конфронтации поради лични фрустрации.
Досега Груевски без исклучок без да го потенцира тоа ги бранеше позициите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста, и ниту еднаш не даде изјава или повод за конфронтација, поделба или незадоволство.
Членството на партијата со право вечерва е многу разочарано од изјавата на нивниот актуелен “лидер”, која наместо сигурна победа и доаѓање на власт, сега отвора нов фронт и ново губење енергија со пресметки со сите кои Мицкоски ги гледа како негова евентуална конкуренција.
Дополнително, поразителен е фактот што за околу еден месец, Мицкоски ќе биде водач на ВМРО со најголем стаж во опозиција поминувајќи го опозициониот стаж на Георгиевски од крајот на 1992 година кога падна владата на Кљусев каде ВМРО – ДПМНЕ имаше доминација, опозиција која траеше се до изборите во октомври 1998 година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи и формира влада. Груевски пак е водач со кого ВМРО-ДПМНЕ беше најдолго на власт и најкратко во опозиција…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…