Мицкоски ги брани Грците за „Чебрен“: требало да им го подариме и ХЕЦ „Тиквеш“?

t

Мицкоски во интервју за порталот „Прес 24“ ги бранеше грчките инветитори кои требаше да ја градат хидроелектраната „Чебрен“. Четиринаесеттиот по ред тендер за изградба на „Чебрен“ пропадна откако истече рокот за потпишување на договорот со грчката копманија кој беше до 31 јануари.

Како што вели Мицкоски, Владата го довела во заблуда инвеститорот, а додава и дека ХЕЦ „Тиквеш“ требало, практично да им се подари на Грците, но премиерот Ковачевски ја поништил таа одлука…

Во продолжение што кажа Мицкоски за „Чебрен“:

Press24: Тендерот за Чебрен пропадна. Кој е вашиот коментар?

Мицкоски: Пред еден месец предупредив на недоследности во тендерската постапка. Тогаш Владата и Бислимовски оркестирано излегоа за да кажат дека нема ништо спорно и дека ни било криво за тоа што проектот ќе успеел. Но толку им е знаењето. Тогаш јавно кажав дека за жал Владата ниту има капацитет, ниту знаење, а ни визија за тоа да го направи.

Press24: Сакате да кажате дека грчкиот инвеститор за Чебрен е доведен во заблуда? 

Мицкоски: Да токму тоа. Во првата одлука на Владата конкретно во членот 5 се наведени процедурата и условите кои што ги донела владата и таму е пропишано дека државата ќе и ја подари ХЕЦ Тиквеш на компанијата што ќе ја добие оваа набавка после три месеци од датумот на започнување на изградбата.

Втора одлука се носи веќе во месец февруари истата 2020 година, само еден месец подоцна, од страна на техничката влада на Оливер Спасовски и оваа одлука е за изменување на претходно донесената одлука со што со новиот акт членот 5 ставот 3 се брише. 

Практично, владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев.Она што е фрапантно е што тие во повикот за доделување на концесија се повикуваат на поништената одлука, но модифицирана. Односно, поништената одлука или првата одлука која што ја донела владата вели дека државата на добитникот ќе му ја отстапи ХЕЦ „Тиквеш“ за три месеци откако ќе почне градбата. Владата на Ковачевски повикот го спроведува на непостоечка одлука.На 14 септември 2023 година се носи одлука на Влада каде што се избира најповолен понудувач за Чебрен односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука се повикува и на двата Службени весници каде се објавени претходните одлуки, и онаа во која се вели дека ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, и онаа во која тоа се брише. Јасно е дека процесот е фалименто.И дека ќе удрат во зид, вели Мицкоски.

Инаку, по бурните реакции од јавноста, Мицкоски ретерираше од својот поранешен став како директор на АД ЕЛЕМ и изјави дека државата треба да го гради овој стратешки проект. Овој став е дијаметрално спротивен од времето кога Мицкоски беше генерален директор на АД ЕЛЕМ, кога тој во неколку наврати распиша тендер за концесионер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. 

Инаку, Христијан Мицкоски бил присутен на состаноците, во својство на директор на ЕЛЕМ, каде се договарале деталите за изградба на Чебрен, за што има и записници, на кои самиот Мицкоски е потпишан.

Детали за пропаднатиот тендер за изградба на Чебрен можете да прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

Заев: И Македонците и Грците сме Европејци

„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и…