Мицкоски: Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет, Делчев е Македонија и стобот на нашето постоење како народ – не отстапуваме ниту педа од Делчев

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави честитка по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

“Македонија е бесконечност, ние знаеме што е жртва, дека таа нема степен и дека завршува со чест и со име.

Како што вели Апостолот на македонската борба за слобода, Гоце Делчев:

” Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија?
Дали има народ понесреќен од македонскиот?
И дали има некаде пошитоко поле за работа отколку во Македонија?”

Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет, Делчев е Македонија и стобот на нашето постоење како народ.

Делчев е и европска вредност, затоа што неговата идеја за слобода и културно издигнување на еден народ, е идеја врз која почива Евтопската Унија.

И ние од Делчев нема да се откажеме и нема да отстапиме ниту педа и ниту милиметар од Делчев.

150 години од раѓањето на Гоце Делчев, слава му.” – стои во честитката на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/3003295756550996

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…