Мицкоски: ДУИ ќе ги мести изборите во среда!

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека во првиот круг од претседателските избори имало нерегуларности на дел од гласачките места и за тоа ја известил меѓународната заедница и претставници на ОБСЕ/ОДИХР. Според него членови на ДУИ се вклучени во овие нерегуларности.

„Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше ДУИ, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период“,
рече Мицкоски.

Тој очекува нешто слично да се случува и во вториот круг, но вели дека овој пат се подготвени, го информиравле и МВР да ги засили своите припадници таму. Потенцираше дека сомнежите се за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека ДУИ повеќе од 20 години на два начина добива гласови. Со епска манипулација и повикување на 2001 и паралелно местење тендери и второ, преку местенки, закани и поткуп.

„Ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од Владата за повторно да ги вратат тие количнии кеш. Меѓународната заедница будно да го следи процесот, ова ги поминува условите во определени места во многу понеискусни демократии од македонската. Можам да кажам дека високи функцинери, дури и членови на Влада го прават ова, придружувани од припадници на МВР коишто се легитимираат кога ќе бидат фатени во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, рече Мицкоски.

Претходно и од албанската опозициска коалиција ВЛАН обвинија за изборни нерегуларности на првиот круг од претседателските избори.

Вториот круг заедно со парламентарни избори се одржува на 8 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…