Мицкоски: Една изборна единица и помал број на пратеници, СДСМ да не игра дволично со малите партии

t

Малите партии излегоа со тезата дека оваа влада има рок од три месеци да направи измени во изборниот законик и да аплицира една изборна единица, тоа тие го рекоа а не јас. И сега штом тие тоа го кажаа, ние велиме еве ви понуда на маса, ајде да видиме проиизнесете се за оваа понуда. Е сега од една страна ќе ги видите владините партнери како лицитираат со икс изборни единици, некои лицитираат со отворени со затворени листи и така натаму. Суштината кој е лицемерен е дека не може да биде ВМРО затоа што ние велиме еве го предлогот на маса. Тие сега одат по принципот еве
СДСМ не е против една изборна единица туку ДУИ е против. Но тогаш зошто тогаш кога се почнува една коалициона влада, кога се прави програма за работа на таа влада и кога се договараат приоритетите пошто знаеме дека приоритетот на овие мали партии е една изборна единица, зошто ако навистина СДСМ е за една изборна единица не ги стави тие изборни измени како дел од програмата на таа влада. Така да, ние не може да сме лицемерни кога јавно тоа го правиме, го ставаме предлогот на маса, ајде да видиме да дебатираме, но може обратно да е, зошто СДСМ ако не е лицемерна во коалицискиот договор со ДУИ тоа не го стави како услов, рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на пратеници во Собранието како и за тоа дека ако се отвори уставот дургите партии би барале и нешто друго да се промени во истиот.

-Ние имаме актуелно прашање промена на изборниот законик, ние немаме прашање дали бугарите ќе влезеле во уставот или нема да влезат. Ова не е предмет на пазарење, еве оваа е понуда да ги скратиме трошоците за пратениците и привилегиите, народот тоа го очекува од нас, зрело однесување и во услови на пандемија да се однесуваме одговорно и зрело, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…