Мицкоски: Имаме историски инвестиции во културата, исто како и во секоја друга област

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на инвестициите во културата, плановите за реновирање на постоечките или изградба на нови театри, изјави:

„Апсолутно, како и во секоја друга област во државата, така и во културата имаме навистина инвестиции, коишто би рекол, се историски. Тука пред сѐ мислам и на инвестицијата на театарот во Струмица којшто конечно треба да биде завршен. Завршена е тендерската постапка и така натаму и да биде пуштен во функција. 

Постапката за скопската Универзална сала, тоа е многу важно исто така, постапката за скопската Универзална сала. Во разговор со министерот, мислам дека и презентацијата на решението е навистина модерно и ќе им се допадне на скопјани.

Тука се сите оние културни домови коишто се реконструираат на целата територијата на Македонија. Така што инвестиции се потребни, имаме уште многу работа. Ние можеме само да ветиме чесна, посветена и многу работа. Останатото политиканство, интриги, конструкции, шпекулации го оставаме на тие коишто не можат и не знаат ништо да сработат.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Имаме историски инвестиции во културата, исто…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…

Мицкоски ги отвори првите 20 километри од…

Премиерот вели дека следната година ќе биде…

Шукова: 261 милион евра помалку странски инвестиции…

Странските инвеститори го губат интересот за вложувања…