Се заваруваат сите шахти на трасата каде се движи Мицкоски

t

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот Мицкоски се заваруваат и тоа од неговиот дом во Влае до Влада на РМ и од Влада до Вилата Водно . Последен пат вакво заварување на шахтите по високо превентивен безбедносен протокол беше спроведено 2019 година кога во посета на државата дојде Папата Франциск и тоа само на Плоштадот Македонија.
Заварувањето на шахтите исто се врши и кога има потреба од безбедност на учесниците на Маратони кои се организираат во Скопје или доколку има посета на висока ВИП личност и секогаш имало известување за јавноста, што не случај сега.
Зошто има потреба од ваков висок степен на безбедност на Премиерот треба од МВР да и соопштат на јавноста и по кој Закон и Подзаконски акт се превзема оваа мерка. Инаку заварувањето на шахтите е ризик од несакани поплави доколку има силни врнежи или невреме, со што ќе се отежне и превентивата и реакцијата на Водовод и канализација Скопје и на другите надлежни органи за интервенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…