Мицкоски: Инвестиција од 400-500 милиони евра во енергетика, милијарда евра во ТИРЗ – 5.000 денари плус за пензионерите за девет месеци

t

Мицкоски најави голема инвестиција од 400-500 милиони евра во делот на енергетиката, вели во интервју за Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Можам да најавам еден финансиски пакет соработка влада со влада од една милијарда евра, со искучително поволни услови, тоа би било кредит од друга држава со определен грејс-период и атрактивна каматна стапка. Две други странски инвестиции во зоните, но услов е да замине директорот на ТИРЗ. Ценам дека еден ваков бран финансиски ќе биде само дел од оној процес за кој зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж.

Во првата година ќе има линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, септември и март ќе добијат нивелирање на покачување на пензиите. Значи за девет месеци ќе биде испорачано тоа ветување, 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите, вели Мицкоски.

Тој додаде дека продолжува со политиката на рамен данок, борба со сивата економија и намалување, а не зголемување на јавниот долг, надградување на „Мој ДДВ“, поврат за мајки, поволности за новородени деца и слично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…