Мицкоски и Таравари ќе се сретнат во Владата по први мај
„По 1. мај Мицкоски и Таравари ќе седнат на заедничка средба од која веројатно ќе зависи и столчето на Таравари во владиниот кабинет“, потврдија од владината прес служба без повеќе детали.
Неофицијално, како што пренесува Сител, високи владини извори потврдуваат дека внимателно се следи развојот на настаните и во моментов не е исклучена ниту една можна опција.
Турбуленциите во коалицијата ВРЕДИ се преселија и во Владата откако Таравари се реши на локалните избори да оди сам.
Минатата недела рече дека соработката со ДУИ не е опција, а викендов потврди дека телефонски разговарал со Ахмети и не ја исклучи можноста за меѓусебна поддршка со ДУИ во вториот изборен круг.
Вицепремиерот Меџити вчера јавно побара од премиерот да го смени Таравари, а од ВРЕДИ денеска му порачаа дека надвор од коалицијата тој нема легитимитет.
Од ЗНАМ денеска не сакаа да го коментираат однесувањето на Таравари.
Арбен Таравари во последните 8 години четирипати влегуваше и излегуваше од Владата. Во моментов контролира 5 пратеници во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…