Мицкоски: Кој има проблем со поврат на ДДВ да ме бара

t

Премиерот Христијан Мицкоски нема информации дека и по три месеци доцни повратот на ДДВ на компаниите, а оние кои мислат дека им се должи ги покани слободно да му се обратат. Тој е дециден дека парите се враќаат со редовна динамика и немало поголеми отстапувања од она што било пракса во минатото.

-Нема поголеми отстапувања од тоа што е пракса во минатото, данокот на додадена вредност се враќа редовно, но разликата е во тоа што сега внимателно се проверува за да не ни се случат Крмзов и слични луѓе кои го злоупотребувале и црпеле системот и ги злоупотребувале граѓаните – рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по настанот на Царинската управа.

На прашањето дека според стопанството, се чека над три месеци за исплата, тој е дециден дека апсолутно не слушнал таква информација.

-Имам редовни состаноци со стопанските комори и апсолутно не сум слушнал ваква информација. Сите што мислат дека им се должи слободно нека ми се обратат, сите го имаат мојот контакт телефон, да видиме дали е тоа така – истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Кој има проблем со поврат на…

Премиерот Христијан Мицкоски нема информации дека и…

Мицкоски ги отвори првите 20 километри од…

Премиерот вели дека следната година ќе биде…

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…