Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш досега, во тек се над 1.200 градилишта

t

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека низ Македонија во моментов се реализираат повеќе од 1.200 градилишта и дека државата вложува средства без преседан во инфраструктурни проекти. Тој нагласи дека од централниот буџет кон општините се префрлени над половина милијарда евра, што е практика спротивна на минатото кога, како што рече, „Македонија се крадеше, а денес Македонија се гради“.

Мицкоски им се заблагодари на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, на директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, на пратениците, како и на сите вработени во Министерството за транспорт и врски и во ЈП „Државни патишта“, нагласувајќи дека сите тие придонесуваат за тоа Македонија денес да се гради како никогаш досега.

„Ширум Македонија ние имаме повеќе од 1.200 градилишта — нешто што досега не се случило. Повеќе од половина милијарда само средства финансирани од страна на централниот буџет кон општините. Ако праксата во минатото беше Македонија да се краде, сега е пракса Македонија да се гради. И така и ќе продолжи во годините коишто следат,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека ако на тие средства се додадат и проектите што ги реализира Владата на централно ниво, како и капиталните инвестиции што се спроведуваат преку Јавното претпријатие „Државни патишта“, тогаш станува збор за неколку милијарди евра проекти кои се во тек, а исто толку ќе следат и во наредните години.

Мицкоски се осврна и на патната инфраструктура, потсетувајќи на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, за кој, како што рече, во неформалниот дел пред пресот разговарале и за развојот на патниот правец од Романовце до Страцин.

„Очекуваме во периодот што следи и овој проект да стане дел од јавна процедура. Тендерската процедура, бидејќи како што разбрав, експропријацијата е целосно завршена, се прави ревизија на проектот и очекувам и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути — нешто што мислам дека е добро за граѓаните од овој дел на Македонија,“ нагласи премиерот.

Тој заклучи дека со големите православни празници пристигнуваат и убави вести за граѓаните. „Нека ни е аирлија и со бериќет овој нов проект којшто значи реконструкција и продолжување на изградбата на патните правци коишто се дел од Коридорот 8,“ порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш…

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави…

Уште еден од повредените во пожарот во…

Уште еден пациент, пред два дена, се…

Песков: Путин не ја исклучува можноста за…

Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува…

Трамп има намера да ја откаже странската…

– Американскиот претседател Доналд Трамп има намера…

Академски пленум: Вучиќ прави здружение на професори,…

Во научно-технолошкиот парк во Нови Сад, денеска…