Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш досега, во тек се над 1.200 градилишта
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека низ Македонија во моментов се реализираат повеќе од 1.200 градилишта и дека државата вложува средства без преседан во инфраструктурни проекти. Тој нагласи дека од централниот буџет кон општините се префрлени над половина милијарда евра, што е практика спротивна на минатото кога, како што рече, „Македонија се крадеше, а денес Македонија се гради“.
Мицкоски им се заблагодари на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, на директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, на пратениците, како и на сите вработени во Министерството за транспорт и врски и во ЈП „Државни патишта“, нагласувајќи дека сите тие придонесуваат за тоа Македонија денес да се гради како никогаш досега.
„Ширум Македонија ние имаме повеќе од 1.200 градилишта — нешто што досега не се случило. Повеќе од половина милијарда само средства финансирани од страна на централниот буџет кон општините. Ако праксата во минатото беше Македонија да се краде, сега е пракса Македонија да се гради. И така и ќе продолжи во годините коишто следат,“ рече Мицкоски.
Тој додаде дека ако на тие средства се додадат и проектите што ги реализира Владата на централно ниво, како и капиталните инвестиции што се спроведуваат преку Јавното претпријатие „Државни патишта“, тогаш станува збор за неколку милијарди евра проекти кои се во тек, а исто толку ќе следат и во наредните години.
Мицкоски се осврна и на патната инфраструктура, потсетувајќи на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, за кој, како што рече, во неформалниот дел пред пресот разговарале и за развојот на патниот правец од Романовце до Страцин.
„Очекуваме во периодот што следи и овој проект да стане дел од јавна процедура. Тендерската процедура, бидејќи како што разбрав, експропријацијата е целосно завршена, се прави ревизија на проектот и очекувам и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути — нешто што мислам дека е добро за граѓаните од овој дел на Македонија,“ нагласи премиерот.
Тој заклучи дека со големите православни празници пристигнуваат и убави вести за граѓаните. „Нека ни е аирлија и со бериќет овој нов проект којшто значи реконструкција и продолжување на изградбата на патните правци коишто се дел од Коридорот 8,“ порача Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…