Мицкоски молчи пред криминалот на ВРЕДИ, а ДУИ се недопрени од неговата власт, прва работа што ја направи откако дојде на власт е да го пушти Артан Груби

t

„Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам. Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен“, велат од СДСМ.

Од таму посочуваат дека во исто време, Мицкоски молчи и за криминалот на својот актуелен партнер Изет Меџити – криминал тежок 225 милиони евра.

„Молчи и го штити за дивоградбите во Чаир, молчи за злоупотребите на Гаши, молчи за скандалите на косовската граница, каде терористи, барани со потерници, слободно поминуваа. Флоскулите му се празни, а граѓаните гледаат и разбираат“, велат од опозициската партија.

Социјалдемократите му порачача да молчи на оваа тема, затоа што за тој да го спаси својот коалициски партнер ги издаде челновите на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани и нема да има ниеден кандидат за градоначалник во западна Македонија.

„Кој сега слугува на ВЛЕН, Мицкоски? Овие лажни политики ти ги препознаваат и твоите членови, но и сите граѓани“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски молчи пред криминалот на ВРЕДИ, а…

„Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ…

Трамп со нова наредба: Бездомниците ќе се…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша нова…

Кадиров за малку ќе се удавел на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за малку ќе…

(Видео) Се гасат пожари: Хеликоптерите на МВР…

Во текот на денешниот ден (25.07.2025) два…

Трамп најавува историски самит: Зеленски и Путин…

Доналд Трамп повторно ја крена температурата во…