Објавено на:

Трамп најавува историски самит: Зеленски и Путин на иста маса за најмногу три месеци?!

t

Доналд Трамп повторно ја крена температурата во глобалната дипломатија со нова, смела изјава – состанок меѓу украинскиот претседател Зеленски и рускиот лидер Путин ќе се случи наскоро, и тоа „во рок од два до три месеци“.

Изјавата доаѓа непосредно пред Трамп да се качи на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, а ја даде во контекст на засилените дипломатски напори на неговата администрација за постигнување траен мир во Украина. Тој не исклучи можност лично да учествува на самитот, што би значело најдиректно американско вклучување во мировниот процес досега.

Оваа изјава доаѓа во момент на зголемена активност од страна на САД – Вашингтон воведува дополнителни санкции кон Русија, но и паралелно ја поддржува Украина со нов пакет оружје, финансиран во соработка со Европската Унија.

Во исто време, САД драматично го засилуваат источниот фронт на НАТО – Полска доби гаранција за заем од 4 милијарди долари за набавка на најмодерна американска воена опрема, вклучувајќи хеликоптери „Апачи“, ракетни системи „Химарс“ и „Патриот“.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет пак, испрати силна порака од Пентагон, каде ги пречека министрите за одбрана на балтичките земји и повтори: „САД останува непоколебливо посветена на НАТО и мирот преку сила“.

Се чини дека нова пресвртница во војната е блиску – дали самитот Трамп–Путин–Зеленски ќе биде чекорот што ќе го смени текот на историјата?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан без струја,…

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се…

Телото кое беше пронајдено во близина на…

Телото пронајдено за време на пожарот во…

Актерот Едмонд Сотир е нов директор на…

Актерот Едмонд Сотир е нов директор на…

Голем пожар над селото Бојане, се шири…

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над…

Бучковски за војната во 2001: Имаше тенденција…

Во 2001-та година имаше план за поделба…