Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција

t

Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за еве успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она коешто за мене е многу важно, е што, се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи, изјави денека при промоцијата на новите полициски возила премиерот Христијан Мицкоски.

-Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме ваков тип на проекти, затоа што цениме дека безбедноста и би рекол расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес, рече Мицкоски.

„Така што, уште еднаш еве да им честитам, да им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние коишто го водат Министерството, на сите оние единици коишто учествуваат во овој проект и да посакаме, вака условно кажано, што помалку да се користат, тоа значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци.

Така што, уште еднаш, нека е со среќа!“, изјави премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила…

Би сакал да им честитам на вработените…

Филипче: Македонија намерно ја држат изолирана од…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Филипче: Покачувањето на струјата ќе повлече големи…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, утрово на…

Трамп: „Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги…

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД…

За кого се носело запленетото нелегално оружје…

Значителна количина оружје и муниција е запленета…