Филипче: Македонија намерно ја држат изолирана од ЕУ за да цвета криминалот и корупцијата

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ја држи Македонија изолирана од Европската Унија, користејќи нереални и невозможни барања како изговор за блокада на европскиот пат, а со да продолжи да цвета криминалот и корупцијата.

„Оваа влада очигледно поддржани од претседателката на државата, што видовме и нејзиното годишно обраќање, имаат некакви барања кон ЕУ кои што е очигледно дека не може да се исполнет од сите инстанции, од сите европски функционери. Од сите лидери на големи европски држави им е јасно дадено до знаење дека тоа што се бара е практично невозможно“, рече Филипче.

Тој потсети дека за време на седумгодишното владеење на СДСМ беа направени крупни и храбри државнички чекори, Преспанскиот договор, членството во НАТО, обезбедувањето на безбедноста и стабилноста на државата и отворањето на европската перспектива. Сега како што кажа Филипче, блокадата што ја прави власта за европскиот процес нема врска со национални интереси, туку велат е да продолжи криминалот и корупцијата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто сега е запрен процес, тоа е едно од клучните прашања што е сега актуелно, а одговорот е поради криминал и корупција, ништо друго. Поради тоа што, со самото тоа што нема реформи во делот на правосудството, со самото тоа што не се отвораат вратите за европското обвинителство, овде цвета криминалот и корупцијата на оваа страшно корумпирана власт“, рече Филипче.

Говорејќи за состојбата во другите сектори, Филипче оцени дека државата е целосно закочена, не се донесени клучните 12 реформски закони, со што се изгубени или одложени европски финансии, за разлика од земјите во регионот како Црна Гора и Албанија.

„Оваа влада, нема ни волја, ни визија, претседателката ги поддржува во тоа и тие се однесуваат како антидржавни елементи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…

По остварена средба со претставници на дел…

ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…

Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…

Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…