Мицкоски на средба со Касами: Македонија се движи во погрешен правец

t

За мене претставува посебна чест и задоволство што денеска сум овде во општина Тетово, што можам да разговарам со градоначалникот на општина Тетово и претседател на политичката партија БЕСА. Имавме навистина исклучително конструктивен состанок.

Разговаравме на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза. И навистина дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замина за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица.

Колку подолго оваа влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е, толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани, толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, ќе имаме криминал и ќе имаме лоша економска состојба.

Ако некогаш можевме да бидеме лидери во регионот според економскиот раст и според бројот на инвестиции, за жал денеска сме на самото дно и тоа е поразувачки факт.

За мене преставува чест и задоволство што денеска можевме да поразговараме на овие теми, но и да поразговараме за предизвиците со кои локалната самоуправа и општина Тетово се справуваат на дневна основа. Голема храброст е што господинот Билал Касами го направи тоа најпрвин на локалните избори, а потоа и да се фати директно во костец за решавање на наталожените проблеми кои ги има општина Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…