Мицкоски на средби со пратеници ќе бара Бадентерово мнозинство за избор на народниот правобранител
„Слободен печат“ веќе објави дека премиерот не исклучува можна средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да обезбеди Бадентерово мнозинство за избор на народен правобранител, бидејќи ДУИ е против изборот на Фатон Сељами предложен од Комисијата за избори и именувања, а за кој тврди дека е партиски кадар на Вреди.
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека по новогодишните празници ќе следат средби со пратеници и пратенички групи за да се обезбеди Бадентерово мнозинство за избор на народниот правобранител.
„Слободен печат“ веќе објави дека премиерот не исклучува можна средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да обезбеди Бадентерово мнозинство за избор на народен правобранител, бидејќи ДУИ е против изборот на Фатон Сељами предложен од Комисијата за избори и именувања, а за кој тврди дека е партиски кадар на Вреди.
– Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава. И доколку сите сакаме да се придвижиме напред, доколку сите имаме желба да ја видиме земјата како рамноправен дел во рамки на Европската унија, тогаш не гледам причина зошто едно такво решение да не поддржано и сето ова да не биде завршено – рече Мицкоски при посетата на Кавадарци.
По заминувањето на досегашниот народен правобранител Насер Зибери во пензија, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го предложи Сељами за народен правобранител, но тој не може да биде изгласан затоа што нема доволен број пратеници за гласање по Бадентер, односно недостигаат гласовите од Европскиот фронт предводен од ДУИ.
И претседателот на Собранието Африм Гаши на една од средбите со новинарите во декември апелираше до пратениците да се изнајде политичка волја и да се избере народниот правобранител. Според информации од Собранието, ако има договор Гаши планира изборот на народен правобранител да го стави на првата собраниска седница во Новата година закажана за 12 јануари. Седницата Гаши ја закажа, но засега изборот на нов народен правобранител не е на дневен ред.
– Знаете дека треба да се изгласа со мнозинство и со Бадентерово мнозинство (20 пратеници од заедниците). Ја користам оваа можност преку вас медиумите да упатам апел до сите политички партии да го одблокираме овој процес, да најдеме решение, да седнат политичките актери да најдат решение. Пред се да бидеме совесни кон една многу битна институција како што е Народниот правобранител. Би сакал тоа најбрзо што е можно да се случи и веднаш би ја свикал седницата. Точката е на дневен ред, ќе ја изгласаме за да може да функционира и во однос на повторените избори кои се на 11 јануари – рече Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на средби со пратеници ќе бара…
„Слободен печат“ веќе објави дека премиерот не…
Трамп и Путин повторно разговарале
Белата куќа потврди дека Доналд Трамп и…
Биланс на новогодишната ноќ: Двегодишно дете се…
Новата 2026та година дежурните доктори ја дочекаа…
Мицкоски најави линеарно зголемување на пензиите од…
Христијан Мицкоски, премиер на Република Северна Македонија,…
Макрон изрази сочувство до семејствата на жртвите…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изрази сочувство…