Биланс на новогодишната ноќ: Двегодишно дете се бори за живот, убиен турски државјанин, 20 лица повредени во сообраќајки
Новата 2026та година дежурните доктори ја дочекаа со полни раце работа, зголемен бил бројот на интервенции за разлика од минатите години. Повредени пиротехника, пијани пациенти и при пад од висина. На токсикологија за првите 12 часа биле примени 31 пациент со симптоми на интоксикација.
На околу 20 пациенти со лесни повреди им била пружана лекарска помош. А Лекарите како тежок случај примиле двегодишно дете без познати лични податоци примено на интензивна нега кое е во животна опасност.
Министерот за внатрешни Панче Тошковски новогодишната ноќ низ целата држава генерално ја оцени како мирна. Со изолирани инциденти: со нож убиен турски државјанин во стара чаршија, друг човек од Турција пак тешко повреден, седум повредени од пиротехника, самоповреда од ловна пушка. Во пресрет на дочекот биле регистрирани 31 кривично дело пред се за нарушување на јавен ред и мир како и нелегална трговија со наркотици.
Во однос на намалувањето на сообраните несреќи е поради безбеден град смета Тошковски со порака до пратениците да биде изгласан и законот за прекршоци како би профункционирал проектот од први следниот месец.
И покрај апелите од надлежните периодов, некои не останаа имуни на страста да прославата помине без пиротехника, се забележуваа огномети и одекнување од петарди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деко останува во затвор?! Отпочната уште една…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
САД трупаат огромна воена сила околу Иран:…
Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување…
Мицкоски објави фотографија со Трамп: „Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на која…
Трамп се закани со жесток удар врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со…
Се подготвува ли напад: САД испраќаат уште…
Соединетите Американски Држави дополнително го засилуваат своето…