Мицкоски нема да издржи меѓународна изолација: Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за уставни измени партијата ќе се соочи со изолација
„Не верувам дека Мицкоски ќе биде толку наивен пред електоратот и пред светот за неговата партија да добие црна дамка и да спречи почеток на преговори со Европската унија“, оценува поранешниот амбасадор на Македонија во Данска, Мухамед Халили.
Халили, зборувајќи за можноста за внатрешна и надворешна политичка изолација на ВМРО-ДПМНЕ, доколку таа не ги поддржи уставните измени неопходни за натамошното патување на земјата кон ЕУ.
Без разлика на неконзистентните и контроверзни изјави на Мицкоски, не верувам дека ќе може да го издржи меѓународниот притисок. Не верувам дека Мицкоски ќе биде толку наивен пред електоратот и пред светот што неговата партија да добие црна дамка и да го спречи почетокот на преговорите со ЕУ, со неисполнување на условот за промена на уставот“, изјави Халили за Деск.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ од радикална позиција дека нема да поддржи уставни измени во ниту еден облик и начин, сега бара гаранции од ЕУ дека Софија нема да бара други отстапки во текот на преговарачкиот процес.
Ова, според познавачите на политичките случувања во земјава, навестува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за поддршка на уставните измени со ветување дека Бугарија нема да бара дополнителни измени на Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…