Мицкоски не успеа да собере 150 луѓе да протестираат против Данела во Шутка
Веќе подолго време Христијан Мицкоски работи против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Неофицијално причината е што тој не успева да се наметне како шпицен градоначалник и да ги менаџира процесите во Град Скопје.
Личните фрустрации на Мицкоски кон Арсовска кулминираа во текот на вчерашниот ден кога со помош на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш и целосна логистичка поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во скопската општина Шуто Оризари организираше протести против Арсовска.
Како што дознаваме Дудуш е редовен гостин на Мицкоски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ откако тој не ја доби поддршката од СДСМ да трча за втор мандат во Шутка.
Курто Дудуш кој лично другарува со Мицкоски го пратат низа на скандали, а беше обвинет дека претепал вработен во општината и уште во 2017 говореше како членската во СДСМ за Ромите ќе биде поважна и од личната карта бидејќи ќе ги отвара сите врати. Поради низата скандали, криминал и корупија, СДСМ не го номинираше како свој кандидат Дудуш во 2021.
На вчерашниот протест на кој се собраа едвај 100-тина луѓе присуствуваа лица кои се фотографирани во кабинетот на Мицкоски.

На протестот е забележан и фотографиран и Ибрахим Ибрахими поранешен министер за труд и социјална политика во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нашите информации тој пристигна со 30-тина автомобили и два автобуси со Роми од Гостивар и Тетово со цел да се зголеми бројот на присутни на протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…