Мицкоски од Свети Спас: Делчев не задолжил да ја чуваме, негуваме и развиваме Македонија – тој е нераскинлива нишка од македонскиот народ
Најпрво да се заблагодарам на медиумите иако некако како во тајност да се држеше целиот овој ден, бидејќи ниту имаше протокол ниту пак некој знаеше што ќе се случува денеска.
Како делегација на највисоко ниво на ВМРО-ДПМНЕ, денес одбележуваме 150 годишнина од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Николов Делчев, којшто оставил голема трага за нас македонците, за Македонија, со неговото дело и неговата борба за независна, суверена македонска држава, во срцето на Балканот, не’ задолжил истата да ја чуваме, негуваме и развиваме за генерациите после нас да се сеќаваат на неговото големо дело и за Македонија и за македонскиот народ, во чија нераскинлива алка е овој човек.
Такашто денес, како ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме декларација со којашто сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии, коишто се парламентарни и вонпарламентарни, со една цел: Да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.
Очекувам сите политички партии, без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот, истата да ја поддржат.
На новинарско пшарање што конкретно ќе содржи Декларацијата, Мицкоски вели дека ќе има прес конференција во Собранието на која ќе се соопшти содржината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…