Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

t

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, соопштија од опозициската СДСМ.

– Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста.

Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот.

Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%.

Странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година со СДСМ.

Ова се реалните катастрофални резултати на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа граѓаните секој ден го гледаат, животот е сè потежок, а Македонија економски назадува. – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%,…

Со инфлација од 4,8% повисока од растот…

СДСМ: Нема учебници, не работи е дневник,…

Образованието и учениците денеска во Македонија денеска…

Филипче од Радовиш: Со огромни кредити од…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре патот на…

Шукова го повика Орце Ѓоргиевски на јавно…

Доста беше бегање од одговорност. Доста беше…

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во…

Младите во Македонија денес живеат во држава…