Филипче од Радовиш: Со огромни кредити од 8 милијарди евра, власта ги турка граѓаните во долгови и сиромаштија

t

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре патот на развојот на државата и посегна по огромни, нетранспарентни задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со граѓани во Радовиш.

„За жал, имаме работа со ненародна влада која што не се грижи ниту за граѓаните, ниту за државата. Една влада која што има комплетно друга стратегија – да ја запре државата на патот кон Европа. Посегнаа по огромни кредити од 8 милијарди евра, кои сакаат да ги трошат нетранспарентно, во договори со четири очи“, рече Филипче.

Говорејќи за економската состојба, Филипче посочи дека власта нема никакво чувство за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Додека трошоците за живот постојано растат, платите стагнираат, а семејствата едвај врзуваат крај со крај.

„Се фалат со раст на платите, а инфлацијата одамна ги има изедено. Владата е затворена за гласот на народот, не сака да ги прими граѓаните, нема комуникација со синдикатите, со работниците. Единствено имаат контакт со големите компании и комори. Деновиве го видовме тоа со лозарите – ниту ги слушаат, ниту им излегуваат во пресрет. Луѓето вложуваат огромен труд, а потоа грозјето не можат да го продадат по реална цена, туку им ја намалуваат”, рече Филипче.

На средбата тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ води политика на манипулации, презема туѓи проекти и се обидува да ги претстави како свои, без да понуди реални, свои проекти.

„Оваа влада, владата на ВМРО-ДПМНЕ, се фали со проекти кои што не се нејзини, манипулира со бројки и тврди дека има некаков економски раст – фиктивен раст кој постои само на хартија. Тој раст граѓаните не го чувствуваат“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…