Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен и во таа насока ќе продолжиме
Имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина, не треба апсолутно никој да се грижи, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Директорот на ПИОМ претпоставувам има свој став, не треба секогаш да се сложуваме со ставовите, но Владата и јас лично цениме дека состојбата е апсолутно стабилна и сигурна и пензионерите не треба да се грижат. Впрочем оваа Владата ги зголеми пензиите просечно како ниту една друга Влада во историјата на независна Македонија, смета премиерот.
Додаде дека доколку во иднина имат било какви поинакви политики јавноста ќе биде информирана.
-Парите се тука, но треба да се пронајдат онаму каде што се злоупотребуваат и да се насочат онаму каде што тие пари се потребни, рече премиерот.
Според директорот на ПИОМ, Никола Мемеов пензискиот систем се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра. Фискалниот совет препорачува применување на комбиниран пакет на мерки во кој би било вклучено постепено зголемување на придонесите на 20%, индексација само во инфлација, намалување на сивата економија и поголемо учество на жените на пазарот на труд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…