Мицкоски: Пожарите се подметнати од центри на моќ во државата и надвор

t

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што, како што вели „некој има интерес“. Но, исто така рече дека истите тие луѓе кои го прават ова, ќе бидат поразени.

„Препораки има од вчера, сите кои се наоѓаат во периметарот на овој пожар, во овие ден два ќе бидат евакуирани, иако последните мерења велат дека нема големо загадување. Вчера ако имаше загадување помеѓу 8 и 9, сега е меѓу 5 и 6. Има, но не е тоа енормно, зборувам на периметар од 100 метра околу пожарот.

Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат. Вакви подметнувања и диверзии ќе има. Затоа што има центри на моќ кои не сакаат оваа влада да успее. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе продолжиме да се бориме и на крај ќе победиме. Сакам да им укажам на сите граѓани, дека ова кое сега се случува и она кое се случуваше летото, ќе продолжи, затоа што некој има интерес, но ќе бидат поразени“, рече Мицкоски.

На прашањето дали смета дека изјавата на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, дека пожарот во Трубарево е хибриден напад кон Владата, премиерот потврди и додаде дека има информации дека е организиран од центри на моќ во државата и надвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Пожарите се подметнати од центри на…

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево…

Алиу: Хоспитализирани четири лица меѓу кои и…

Министерството за здравство Азир Алиу денеска од…

Меџити не чувствува одговорност за тоа што…

Министерот за Животна средина и просторно планирање,…

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по…

Министерот за животна средина и просторно планирање…

Ангелов: Стојам зад тоа дека се работи…

Во денешната прес - конференција на Владата…