Мицкоски: Пожарите се подметнати од центри на моќ во државата и надвор
Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што, како што вели „некој има интерес“. Но, исто така рече дека истите тие луѓе кои го прават ова, ќе бидат поразени.
„Препораки има од вчера, сите кои се наоѓаат во периметарот на овој пожар, во овие ден два ќе бидат евакуирани, иако последните мерења велат дека нема големо загадување. Вчера ако имаше загадување помеѓу 8 и 9, сега е меѓу 5 и 6. Има, но не е тоа енормно, зборувам на периметар од 100 метра околу пожарот.
Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат. Вакви подметнувања и диверзии ќе има. Затоа што има центри на моќ кои не сакаат оваа влада да успее. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе продолжиме да се бориме и на крај ќе победиме. Сакам да им укажам на сите граѓани, дека ова кое сега се случува и она кое се случуваше летото, ќе продолжи, затоа што некој има интерес, но ќе бидат поразени“, рече Мицкоски.
На прашањето дали смета дека изјавата на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, дека пожарот во Трубарево е хибриден напад кон Владата, премиерот потврди и додаде дека има информации дека е организиран од центри на моќ во државата и надвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…