Мицкоски: Прашање на време е кога Груби и Ковачевски ќе се вратат и ќе одговараат

t

Премирот Христијан Мицкоски не гледа институционален, ниту било каков пропуст во врска со бегството на ексвицепремиерот и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, како и за актуелната недостапност на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според Мицкоски, прашање на време е кога овие, како што ги нарече, бегалци од правдата, ќе се вратат во земјава и ќе одговараат за кривичните дела кои им се ставаат на товар.

-Затоа што знаете, да сте бегалец од правдата не е така едноставен живот, па дури и да го смените континентот. Така што мислам дека таа работа нема така да заврши. Прашање на време е кога овие бегалци од правдата ќе се соочат со истата – изјави тој.

Прашан на што го темели оптимизмот дека Груби и Ковачевски ќе се вратат во државата, премиерот беше краток во одговорот, велејќи дека тоа го покажува искуството, но и дека има такво чувство.

-(Оптимизмот) го темелам на искуството коешто вели дека правдата е спора, но секогаш доаѓа. Порано или подоцна. Не мислам дека ќе има исклучок и во овој случај. Имам такво чувство. Да видиме дали чувството ме лаже или не – порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…