Мицкоски се врати во Скопје со изнајмениот авион: Владата не одговара колку чинеше луксузот на премиерот!

Премиерот Мицкоски се вратил во Македонија со истиот изнајмен авион за кој претходно Инфомакс објави дека ги чинел граѓаните околу 200.000 евра.
Податоците на „Flightradar“ покажуваат дека истиот авион со ознака 9H-FHB слетал во Скопје на 4 март, односно вчера, во 19.17 часот.

Инфомакс вчера објави дека премиерот овојпат се надмина себеси и наместо да си плати бизнис класа од Анталија до Будимпешта, реши да си изнајми ЦЕЛ АВИОН, а претпоставка е дека овој луксуз чинел повеќе од 200.000 евра, само за
Се работи за авионот на FREEBIRD, со ознаки 9H-FHB со капацитет од 180 седишта, иако од владата отпатуваа 20-30 луѓе.
Инфомакс пред два дена испрати прашање до директорот на СОЗР, Ивица Томовски, колку чинел овој луксуз на премиерот, со цел да се објават точни и проверени, а не претпоставени информации. Како и до сега, одговор не добивме.
И додека политичките божества од Владата изнајмуваат цел авион за да им биде удобно и комфорно, на собраниска говорница пермиерот и министерката за финансии ве убедуваат дека минималната синдикална кошничка е висока, дека не смеете да јадете грозје, не смеете да пушите цигари, а на вашите деца им е доволна една чаша млеко на ден, немора ни толку. Жените што немаат деца не смеат да поставуваат прашања за трошоци на едно семејство, минималната плата нема да биде 500 евра како што бараат синдикатите, ама 200.000 евра за два часа луксуз на Мицкоски е сосем нормален трошок.
Хотел, ручеци и останати трошоци во оваа сума не се пресметани.
Инфомакс вчера достави и официјално барање за информации од јавен карактер до Владата, за тоа колку вкупно чинеше оваа екскурзија на дел од Владата.
Детали за изнајмувањето на авионот и колку ваквиот луксуз чини прочитајте на линкот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски се врати во Скопје со изнајмениот…
Премиерот Мицкоски се вратил во Македонија со…
Посебен сообраќаен режим во Скопје во наредните…
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје…
Момче од Илинден претепано пред скопски ноќен…
23-годишен жител на Илинден вчера, по 11…
Еден осомничен за тешка кражба во стан…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Сама се пријавила во полиција 18-годишната девојка…
18-годишната девојка од Скопје, чиј татко вчера пријави…