Мицкоски се откажа од предвремени парламентарни избори
Христијан Мицкоски денеска се откажа од предвремените парламентарни избори, откако во гостување во “Само интервју” рече дека не е одговорно да се бараат предвремени избори доколку истите не се случај во јуни оваа година, што е практично невозможно.
– Да бидеме сериозни, предвремените избори ги бараат граѓаните. Ние имаме претседателски избори кои треба да се случат следната година, доколу сега немаме предвремени парламентарни избори дали може Македонија да си дозволи да биде цела година блокирана? Најпрво претседателски, рпредвремени парламентарни, па додека да се направи Влада 2023 година, па да размислуваме за локаните избори. Дали можеме да си дозволиме да бидеме блокирани?
Замислете да не успеат претседтаелските, замислете цело време ќе си играме, нема толку трпение народот. Логично е ако нема избори во јуни, логично е да бидат заедно претседателските и парламентарните избори, вели Мицкоски.
Мицкоски претходно постојано бараше предвремени парламентарни избори. Претставниците на владејачката СДСМ, но и владините претставници беа децидни дека предвремени избори во Македонија нема да има.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…