Мицкоски се пофали со парите што Ковачевски им ги даде на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

t

По градоначалниците, денеска и Христијан Мицкоски се пофали со парите дадени од Димитар Ковачевски…

Траги-комедија секојдневно се одвива на македонската политичка сцена. Еден ден се напаѓаат, друг ден се сакаат. А драмата меѓу власта и другата власт наречена опозиција денеска доби нов расплет.

Мицкоски се пофали со парите кои премиерот Димитар Ковачевски им ги даде на градоначалниците, меѓу кои голем дел се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека во Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Илинден, Прилеп, Битола, Охрид, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Штип, Пехчево, Јегуновце, Македонси Брод, Свети Николе, Велес, во следниот период ќе се започне со реализација на проекти, но заборави да каже кој ги дава средствата за реализација на тие проекти.

Претходно на “баци рака” кај Ковачевски беа сите овие градоначалници на кои Владата ќе им финансира реализација на проекти од нивните програми.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, претходно во гостување во „Тешки муабети” на Инфомакс истакна дека Владата се одлучила на ваков чекор бидејќи не видела никаква реализација на проекти од страна на градоначалниците на Мицкоски.

Ковачевски пак, по потпишувањето на договорите со општините истакна дека постапката на Владата е насочена кон подобрување на животот на сите граѓани на Македонија.

– Најпрвин сакам да изразам големо задоволство што како никогаш до сега сите сме тука заедно, градоначалниците од скоро сите општини во државата и тоа за убава работа бидејќи столбот на едно успешно и демократско развиено општество се пред се задоволни граѓани, а граѓаните секогаш својот прв контакт го имаат со општинските совети, со градоначалниците и се разбира со сите државни институции кои функционираат на локално ниво, истакна премиерот Ковачевски на настанот на кој беа потпишани договори со кои Владата им дава 32,5 милиони евра на општините.

Владата им ги реализира нереализираните ветувања на градоначалниците на Мицкоски, а тој се фали со проектите како да се негови. Тоа е еден „обичен“ ден од траги-комедијата во нашата Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…