Мицкоски: Случајот со Аца Лукас не заслужува големо вниманиe
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан како ги коментира обвинувањата за наводна вмешаност во апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци.
„Јас не ни знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од кабинетот да ме информираат пред неколку дена мислам дека тогаш се случило. Претпоставувам дека некој сака да направи естрада од тоа што таму се случило и да ја пренесе тука, но мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека законите и правилата се јасни и дека секој мора да ги почитува.
„Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, нагласи премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Случајот со Аца Лукас не заслужува…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан како…
Кисела Вода има шест милиони денари долг…
Општина Кисела Вода, има склучено договор со…
Стразбур бара дообјаснувања од Владата за судењето…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…
ХОРОР ВО ОХРИД: Тинејџер силувал 12-годишно девојче,…
Полицијата јавува за вознемирувачки случај на сексуално…
Бремена докторка го изгуби бебето поради стрес…
Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистер…