Кисела Вода има шест милиони денари долг кон ЈП Лајка – Не биле задоволни од работата на претпријатието, затоа не плаќале
Општина Кисела Вода, има склучено договор со „Лајка“, на 8.03.2022 година и според истиот има обврска да уплаќа 2.000.000 денари годишно за заловување и хуман третман на бездомни кучиња и тоа на 12 рати по 166.667 денари, објави Левица Кисела Вода.
– Општината овој договор кој не го почитува и не врши редовни уплати, што се манифестира со зголемен број на улични кучиња и нарушена безбедност на граѓаните во општината. Од финансиските картици се гледа дека од 2022 до 10 месец 2025 долгот е 6.000.000 денари. Општината е тужена од страна на Лајка, има судски спор, ангажирани се извршители. Со оваа сума општината е најголем должник према Лајка од сите општини во градот Скопје.
На прашањето до градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска „Дали ќе се продолжи со досегашната пракса на претходниот градоначалник Орце Георгиевски, да не се уплаќаат средства на ЈП Лајка и да се игнорира соработката со истата, и дали планираат да го платат долгот.“ – одговорот беше дека тие не се задоволни од работата на Лајка, и одговорноста ја префрли на раководните структури на Левица кои наводно раководеле со неа неодговорно, што е апсолутна невистина и арогантна измислица со цел да се избегне одговорот. Левица никогаш немала раководни структури во ЈП Лајка.
Очигледо каприцот на Орце Георгиевски према Лајка го продолжува и сегашната градоначалничка Бети. Се плашиме дека сметката надополнета со камати и извршители на крајот ќе ја платат жителите на Кисела Вода. – стои во објавата на Левица.
Во продолжение видеото од советничкото прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…