Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора, остварил средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо.

Мицкоски за средбата информираше преку објава на Фејсбук, истакнувајќи дека разговарале за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

– Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, наведува премиерот во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…