Мицкоски срка гулаш со Орбан додека Вархеји од Фидес ги караше ВМРО-ДПМНЕ и Македонците како свое дете

t

Целодневен молк од страна на Мицкоски по скандалозното интервју на Оливер Вархеји и навредите, заканите и уцените кон неговата партијата и македонскиот народ.

Додека Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се на пријателска средба во пријателска Унгарија со Виктор Орбан, човекот на ФИДЕС во Брисел со една изјава ги сруши сите декларативни заложби на најголемата опозициска партија.

Вархеји рано утринава додека партиското раководство на ВМРО е во Будимпешта ја искара опозициската партија како свое дете, посочувајќи им дека ги поминале сите граници на цивилизираната политика.

„Палењето документи во пленарната сала, поттикнување на луѓето на насилство и поттикнување на омраза не носи ништо, само штета. Има многу јасни граници на европскиот начин на водење политика, многу јасни граници на цивилизираната политика и мојата процена е дека многу од тие црвени линии беа преминати од опозицијата“, вели Вархеји.

Вархеји не само што го навреди членството на ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ туку на јавна сцена ја уценува Република Македонија и се заканува дека Албанија ќе продолжи со процесот на интеграции, а Македонија ќе остане во чекалната ако не се промени Уставот и не ги внесе.

Ако ставот на еврокомесарот за проширување на ЕУ Вархеји од Фидес е ваков, се поставува прашањето зошто Мицкоски не ја прекина посетата на Будимпешта или не објави статус во кој што ќе открие дека пред Орбан го критикувал недипломатското однесување на еден од неговите најблиски соработници.

Се поставува прашањето дали Мицкоски со Орбан бил на средба или добил инструкции за понатамошното опозициско делување во Македонија, а можеби му било и соопштено како треба да гласи референдумското прашање.

Со францускиот предлог кој Вархеји бара да го прифати македонската опозиција и македонскиот народ, историјата станува дел од преговорите со Европската Унија, ќе се цензурира т.н. говор на омраза на социјалните мрежи но и во литературата, филмот и културата. Европската Унија дозволи унилатерална бугарска изјава да стане дел од документите на Унијата, изјава на Бугарија според која македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

Предлогот навлага во суштината на македонскиот идентитет и се коси со основното човеково право, правото на самоопределување. Самиот предлог во својата суштина е неевропски.

Единствен до овој момент кој реагираше е пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов кој му порача на Вархеји дека за иднината на државата одлучува македонскиот народ.

-Вархеј денес ни соопштил две важни работи:

– дека Македонија не започнала преговори со ЕУ туку дека само Албанија ги започнала и

– дека македонската опозиција е виновна што не прифаќа прво бугаризација па потоа европеизација на Македонија.

Мојата порака до него е прво да го праша неговиот колега и претходник Јоханес Хан зошто бевме излажани во 2018 година дека ако го промениме името ќе започнеме преговори со ЕУ?!

Додека Хан ни ги даваше овие ветувања, Заев и брат му Бојко се гледаа на секои 5 дена и Бугарија беше силен поддржувач во идејата да го смениме уставното име, да го решиме нашиот единствен и најголем проблем со цел отварање на патот кон ЕУ

Вие господине Вархеј секојдневно патувате низ ЕУ и Балканот, земате големи дневници и уште поголеми плати, после неколку години ви завршуваат мандатите и одите во удобна пензија, а ние Македонците со секој од вашите мандати губиме од достоинство и човекови права за кои нашите претци се бореле и ги положиле своите животи.

Следниот пат господине Вархеј внимателно бирајте ги зборовите кога се обраќате кон Македонија и Македонците и држете се до вашиот дипломатско – бирократски мандат.

П.С. За тоа кој е “пијан”, а кој “трезен” во македонското Собрание, ќе проценат единствено гласачите на следните парламентарни избори.

Пишува: А. Митовски и М. Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмица на чекор до паметно управување со…

На денешната 22-ра работна конференција на Локалниот…

Срамота: Патриотите си испоседнаа на знамињата, граѓани…

Фејсбук страницата „Кумановска горила“ објави видео од…

Честитки, „Најдоброто допрва доаѓа“ – Меџити: Конечно…

Првиот вице-премиер Изет Меџити денеска на прес-конференција…

(Видео) Апокалиптични сцени на гробиштата во Вевчани…

На социјалните мрежи се шири видео од…

Митески да одговори каде се ветените нови…

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…