Мицкоски стана слуга на ВЛЕН

t

Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а ДУИ се недопрени од неговата власт

Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам. Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека ќе кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен.

Во исто време, Мицкоски молчи и за криминалот на својот актуелен партнер Изет Меџити – криминал тежок 225 милиони евра. Молчи и го штити за дивоградбите во Чаир, молчи за злоупотребите на Гаши, молчи за скандалите на косовската граница, каде терористи, барани со потерници, слободно поминуваа. Флоскулите му се празни, а граѓаните гледаат и разбираат.

Му порачуваме да молчи на оваа тема, затоа што за тој да го спаси својот коалициски партнер ги издаде челновите на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани и нема да има ниеден кандидат за градоначалник во западна Македонија. Кој сега слугува на ВЛЕН, Мицкоски? Овие лажни политики ти ги препознаваат и твоите членови, но и сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски стана слуга на ВЛЕН

Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а…

Меџити не е Мицкоски: ВЛЕН ќе има…

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…

Меџити: ВЛЕН вработи 1000 Албанци досега

ицепремиерот Изет Меџити вели дека ДУИ, дури…

ВЛЕН: За еден ден оваа влада направи…

ВЛЕН преку соопштение утрово се пофали дека…