Меџити не е Мицкоски: ВЛЕН ќе има сопствен кандидат за градоначалник на Скопје!
Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Во коалицијата сѐ уште траат анализите за настап на претстојните локални избори, а засега извесно е само дека ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура.
„Ќе имаме кандидат за Град Скопје. Кој ќе биде и за Чаир и за Скопје и за сите општини предложен од ‘Влен’, ќе биде извесно многу бргу. Досега ‘Влен’ има определено да му даде поддршка на независниот кандидат Менди Ќура за Струга. При крај сме со сите општини со анализите, разговорите, мислам дека наредната недела ќе ги објавиме сите“, рече денес Меџити.
Како што е пракса во плурализмот, односно од деведесеттите наваму, Меџити вели дека и за овие локални избори владините партнери ќе си помагаат исто како што си помага опозицијата.
Кандидатот од „Влен“ за градоначалник на град Скопје ќе се бори со актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, и со поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, кандидатка на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и…
Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот…
ВЛЕН: Али Ахмети им ја должи вистината…
Прес-конференција на Бесар Дурмиши, ВЛЕН Почитувани, Има…
ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…
Демократската унија за интеграција остро реагира на…
ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…
ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…
Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…
Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…