Мицкоски тврди: Го вративме името, дури и Венко и СДСМ користат само Македонија без северна
„Дури и СДСМ, која потпиша такви капитулантски договори како Преспанскиот и прифати капитулација пред Бугарија, денес се најголемите патриоти, мислиш ќе тргнат да освојуваат територии, до таму устата им е полна со Македонија, ниту еднаш не кажале северна. Така што, еве – го вративме“, рече премиерот во вечерашното гостување во централнио Дневник на ТВ Сител
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го вратиле името, коментирајќи ги критиките од СДСМ дека не може да му се верува, меѓу другото, зашто ветуваше поништување на Преспанскиот договор.
Како аргумент дека тоа е случај во пракса, тој во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, го посочи лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, кој, како што рече, постојано во јавните настапи користи Македонија.
„Ги гледам, аха не моежело на Мицкоски да му се верува, тој рече дека ќе го врати името, ќе го поништи (Преспанскиот) договор. Па, еве – го вративме. Па, дури и Венко, кому му беше устата полна со ‘северна’, сега користи Македонија“, рече Мицкоски.
Надоврзувајќи се во својата теза, тој рече дека е идентичен случајот и со други претставници на опозициската партија, кои, како што кажа, денес се претставуваат како најголеми патриоти, иако за време на нивното владеење беше постигнат Преспанскиот договор со Грција, согласно кој земјава го смени уставното име во Република Северна Македонија.
„Дури и СДСМ, која потпиша такви капитулантски договори како Преспнаскиот и прифати капитулација пред Бугарија, денес се најголемите патриоти, мислиш ќе тргнат да освојуваат територии, до таму устата им е полна со Македонија, ниту еднаш не кажале северна. Така што, еве – го вративме“,рече премиерот.
На забелешка на новинарот дека тоа не значи дека уставното име на земјава не е Република Северна Македонија, премиерот рече дека политиката што ја води опозицијата е лоша и оти тоа ќе им се удри од глава, мислејќи на наводите на СДСМ за прием на одбиени азиланти од Обединетото Кралство.
„Ама апсолутно сакам да кажам дека водат лоша, лажна кампања која повторно ќе им се удри од глава на избори. Ќе бидам искрен и ќе повторам, нам ни треба една опозиција што е зрела и што ќе дојде барем до својот биолошки минимум“,рече премиерот Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски тврди: Го вративме името, дури и…
„Дури и СДСМ, која потпиша такви капитулантски…
Јавното обвинителство отвори предмет за „Зимзоленд“
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформило предмет…
Мелони уверува: Центрите за депортација во Албанија…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината…
СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не…
Сè е измислено за мигрантите вели Мицкоски.…
Премиерот Мицкоски на работна посета во Брисел
Од утре 16.12.2025 година (вторник) претседателот на…