СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

t

Сè е измислено за мигрантите вели Мицкоски. Бидејќи информациите ги објавија британските медиуми според Мицкоски значи тие измислуваат, возвраќаат вечерва од СДСМ.

Најрелевантните британски медиуми им текнало да измислуваат мигранти во Македонија?

Тие му се виновни на Мицкоски само затоа што ја открија вистината.

Граѓаните не се ниту глуви ниту слепи, слушаат и гледаат што се случува. Сè е јасно и потврдено.

Сите нешто измислуваат ама Христијан Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата во која се кажува една суштинска работа: да нема мигранти за пари!

Само Мицкоски и коалаборантот Максим Димитиевски од ЗНАМ не сакаат да потпишат.

Сами си потврдија, за пари ја предадоа Македонија!

Нема да ви помине. Борбата за Македонија започна и нема да застане. Народот ќе ви го испорача крајот. Сите ќе одговарате!, стои во реакцијата на опозициската СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…