Мицкоски: Тоа што Груби избега потврдува дека е виновен

t

„Артан Груби и сите оние за кои постои основано сомнение дека сториле криминал, треба од страна на Обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка, врз основа на доказите. Со самото тоа што некој е бегалец е недостапен на органите на прогонот, тој само потврдува дека е виновен. Јас ги разбирам, не ги оправдувам пораките кои што доаѓаат од опозицијата, а ние само со дела можеме тие шпекулации да ги сопреме“, рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Македонската телевизија.

Во врска со Груби, кој е обвинет за милионски криминал додека беше вицепремиер и обвинувањата од СДСМ дека највисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во неговото бегство на Косово, Мицкоски од Брисел рече дека СДСМ и другите опозициски партии „ќе продолжат со измислици, но важно е дека во јавноста постепено се враќа чувството на надеж“.

-Јас не очекувам раководството на СДСМ и другите опозициски партии да излезат во јавноста и да речат „браво, успешно завршена акција“. Тие ќе си продолжат со измислици и со монтажи. Важно е дека постепено се враќа чуството на надеж и тоа го гледаме на анкетите. Не велам дека е брилијантно, не велам дека ние чуда направивме за шест месеци, но факт е дека чувството се враќа. Факт е дека бројот на испитаници кои што велат дека Македонија се движи во вистинска насока е четири до пет пати поголем, од тоа што беше пред шест месеци. Ќе работиме уште подобро, рече Мицкоски.

Премиерот вели дека имаме „одлична борба против криминалот и корупцијата“ и дека е добро тоа што „граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка“.

-Артан Груби и сите оние за кои што постои основано сомнение дека сториле криминал, треба од страна на Обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка врз основа на доказите и обвинението, а обвинетиот да докаже во судска процедура дека е невин. Така би требало тоа да функционира. Со самото тоа што некој е бегалец и е недостапен на органите на прогонот, тој само потврдува дека е виновен, додаде Мицкоски.

Тој повтори дека „секој оној кој сторил кривично дело, без разлика дали е политичар, дали е цивил, ќе одговара пред органите“, и дека неговата влада на тој начин ќе продолжи да работат во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…