Мицкоски ќе ја бетонизира Гази Баба: Омилениот бизнисмен на шпицниот ќе гради згради на површина од над 20 илјади метри квадратни

t

Сопственикот на Руле Турс, Масар Омераѓиќ близок човек на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влегува во градежниот бизнис и ќе ја бетонизира општина Гази Баба, дознава Инфомакс.

Контроверзниот бизнисмен кој стана познат за македонската јавност откако на рочиштето за судски спор меѓу Фершпед и Рулетурс во Основниот суд 2 во Скопје физички се пресмета со Штерјо Наков и неговиот син Драган ќе гради зграда од 30 метри во Гази Баба.

Близната на Омераѓиќ со Мицкоски очигледно се исплати со оглед на фактот што со измени во Деталниот урбанистички план во општина Гази Баба, бизнисменот добива огромна станбена квадратура на парцелите кои ги посеудва. Една од нив се наоѓа на местото на поранешната фабрика за тестенини Глорија.

Со измените во ДУП-от вкупната развиена површина за колективни згради изнесува 33 илјади метри квадратни во само еден блок, а најголемиот дел од таа квадратура ја добива токму Масар Омераѓиќ.

Измените се во општина со која раководи „детето“ на Мицкоски како што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ самиот милува да каже за Бобан Стефковски.

Во еден станбен блок Омераѓиќ гради не една туку две згради, од која едната е на шест спрата, а другата на единаесет спратови со висина од речиси 30 метри.

Неодамна Омераѓиќ (на фотографијата во средина) беше фотографиран во скопската кафеаната Баба Цана со екс- директорот на ЈСП, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник, Игор Јанушев.

На масата со Омераѓиќ и Јанушев се најде и сопственикот на компанијата Маратон, Љупчо Костовски маркетинг агенција која од Јанушев доби договор на 10 години за закуп на автобусите на ЈСП за поставување реклами. Годишно, Маратон прави околу 7 милиони евра од криминалниот договор потпишан од Јанушев, а ЈСП наплаќа од компаијата околу седум илјади денари од автобус за поставените реклами.

Прашањето е дали во режија на екс-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев е договорен уште еден бонбона бизнис во интерес на раководството на партијата.

И додека Мицкоски е наводно загрижен за дефакто измислена бетонизација на општините во Скопје кој не се под негова контрола, неговите градоначалници напорно работат на фактичка бетонизација на главниот град.

Колку за пример со нови измени во Деталниот урбанистички план во општина Ѓорче Петров со која раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ е предвидена изградба на 50 нови станбени згради, од кои и неколку 17-катници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен грчкиот пратеник кој нападна колега со…

Грчката полиција пристапи кон апсење на независниот…

Европскиот парламент одобри помош од шест милијарди…

Европскиот парламент денеска го одобри формирањето на…

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските…

„Претседателски избори во Северна Македонија“; „Северна Македонија:…

Уапсен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа…

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…