Мицкоски: 4 години потоа, нема ниту една афера за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на првиот ден од „политичкиот саем“, каде градоначалниците од неговата партија поднесуваат отчет, истакна дека претходната централна власт немала слух за локалните потреби на граѓаните.

„Со сопствени сили, без соработка со владата, општините и градоначалниците решаваа проблеми при секоја непогода, пожар, поплави или блокирани сметки. Многу добро ги паметам часовите поминати во состаноци, телефонирања и наоѓање решенија од мојот кабинет за да се премостат проблемите“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека по четири години градоначалниците ја оправдале довербата на граѓаните, задржале интегритет и немаат ниту една афера или криминален случај кој би донел срам на партијата, семејствата или граѓаните.

„Најважно е што останавте луѓе на кои граѓаните можат да се потпрат. Запомнете, ако повторно ја добиете довербата, останете борци за нивните права и решенија во општините. Мора да се имаме едни со други“, додаде Мицкоски.

Тој се пофали дека во изминатите четири години биле изградени и реконструирани над 770 километри улици, булевари и патишта, во вредност од околу 100 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: 4 години потоа, нема ниту една…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски…

ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување…

Демократската унија за интеграција реагира на вчерашната…

Адвокатoт Стевановски поднесе шест кривични пријавни поврзани…

Кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран…

Крвава драма во Битола: Со нож го…

30-годишен маж од битолското село Лера е…

Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во…

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет…